Моментално discover.mk е во beta фаза и повеќе делови се уште во изработка. Доколку се појави некаков проблем, ве молиме испратете ни порака со опис за проблемот.

13th Emergency Medicine Summer School

12 Јули 2024 до 14 Јули 2024
Почитувани, Континуираното надоградување е клучен дел од школувањето и лекарската кариера за самите себе си и за сите нас како идни лекари. Тоа е единствениот начин каде што ќе успееме да го достигнеме потребното ниво на стручност и умешност за праволно и разумно интервенирање, кое ќе не водат низ текот на целата наша кариера. За таа цел ЕМСА Македонија традиционално ја организира 13та Летна Школа по Ургентна Медицина, каде што ќе имате можност да се стекнете со сите квалитети кои треба да ги поседува еден доктор. Имате шанса да поминете 5 дена квалитетно да вложите во самите себе си, да се запознаете со техники и знаења кои ќе можете да ги примените во секоја животозагрозувачка состојба. Ќе имате шанса да присуствувате на предавања предводени од високо еминентни и стручни професори и асистенти од областа на: гинекологија, хирургија, педијатрија, анестезиологија, радиологија итн… Во текот на овие 5 дена ќе имате шанса да поминете работилници од типот на: венепункција, интубација, техники на шиење, CPR, имобилизација и многу други. Ќе имате многу моменти на социјална дружба и исполнета попладневна и вечерна агенда, како и шанса да ги видите убавините на градот Охрид. 13та Летна Школа по Ургентна Медицина 2024 ќе се одржи во Хотел Аквалина, Охрид, во периодот од 12-16 јули. Пријавување -Регистрација со спиење : пријавување од 23.05.2024 до 30.06.2024 Линк за пријавување: https://forms.gle/iFKNzwFVMnnazMWYA -Регистрација со котизација: пријавување од 23.05.2024 до 01.07.2024 Линк за пријавување: https://forms.gle/b1u3azKjpv8Uh3d68
12 Јули 2024 до 14 Јули 2024

Поврзани настани

Голд Фелиција 18 Август 2024 · 21:00 часот
Претплатете се за да добивате информации, најнови настани и други интересни занимливости