Моментално discover.mk е во beta фаза и повеќе делови се уште во изработка. Доколку се појави некаков проблем, ве молиме испратете ни порака со опис за проблемот.

Крушево низ корија

Од 10:00
17 август 2024 до 18 август 2024
ВНИМАНИЕ !!!👇👇👇 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰 САБОТА 17 август 2024г 💚10.00ч - пристигнување на учесниците и формирање на кампот на Мечкин камен; 💚10.00ч - 15.00ч - тандем летови со параглајдер; 💚18.00ч - дегустација на SLOW FOOD производи 💚21.00ч - Журка во кампот на Мечкин камен 💚00.00Ч заедничко пеење на химната и повечерје 🙂 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰 НЕДЕЛА 18 август 2024г ❤️08.00ч – 09.00ч - пристигнување на учесниците ❤️10.00ч – 15.00ч - тандем летови со параглајдер -Покрај велосипедската и планинарската тура,и оваа година традиционално продолжуваме со тандем летовите со параглајдер....учесниците на фестивалот ќе го имаат задоволството да летаат со професионалните пилоти на SKY RIDERS по повластени цени...летот ќе чини 3.000 денари со вклучено фотографирање и превоз до полетувалиштето на Мечкин камен...Ако уште не сте летале со параглајдер и не сте ја погледнале Пелагонија од птичја перспектива...искористете ја шансата !!!🍀🍀🍀 ❤️09.45ч - брифинг за учесниците на планинарската и велосипедската тура ❤️10.15ч - старт на велосипедските тури (мала, средна, голема) 🌳Малата МТБ тура Крушево низ корија започнува од кампот на Мечкин Камен...поминува покрај чешмата Гума и води до ски терените на Станич, од каде низ прекрасна шума се стигнува до излетничко место Кипрово каде што се прави кратка пауза. Од Кипрово низ прекрасен офроад терен и букова шума се вози кон споменикот на Слива на 1400 мнв и се спушта со интересен офроуд кон Македониумот во Крушево каде што завршува турата. Турата е со должина од 15км и елевација од околу 300 метри.... категоризирана е како лесна тура за лица со нормална физичка подготвеност препорачлива за секој рекреативец. 🌳Средната МТБ тура Крушево низ корија започнува од кампот на Мечкин Камен ...поминува покрај чешмата Гума и води до ски терените на Станич, од каде низ прекрасна шума се стигнува до излетничко место Кипрово каде што се прави кратка пауза. Од Кипрово низ прекрасен офроад терен и букова шума се вози до манастирот на Тоше Проески „ Преображение„ кој се најдува на 1650 мнв каде што имаме повторно кратка пауза и освежување на учесниците на официјалниот пункт. Од манастирот низ преубав терен се продолжува кон споменикот на Слива и спуст кон Македониумот во Крушево каде што завршува турата. Турата е со должина од 30 км и елевација од 700 метри... категоризирана како средно тешка тура 7/10 за лица со просечна физичка подготвеност. https://www.strava.com/activities/5462545002... 🌳 Големата МТБ тура Крушево низ корија започнува од кампот на Мечкин Камен покрај чешмата Гума до ски терените на Станич и низ прекрасна шума се оди до излетничко место Кипрово каде што се прави кратка пауза. Од Кипрово низ прекрасен офроад терен и букова шума се вози до врвот Мусица на 1788 мнв. Со прекрасен спуст и едно кратко искачување се стига до манастирот на Тоше Проески „Преображение„ каде што имаме повторно кратка пауза и освежување на официјалниот пункт. Од манастирот повторно низ преубав терен се продолжува кон споменикот на Слива и спуст кон Македониумот во Крушево каде што завршува турата. Турата е со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура 8/10 за лица со висока физичка подготвеност. https://www.strava.com/activities/5462632881?share_sig=[C%406962e241625492868&utm_medium=social&utm_source=android_share&fbclid=IwAR3TV1J_HHETE696zp5RcLBypgcgRMI9Bm0KU4a4DRFZcgxq5z9T_5FbOD0 ❤️10.00ч - старт на планинарската тура 🌞Планинарската тура ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км. Истата би ја класифицирале како средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години. Во 80%од патеката се движиме низ крушевската корија која изобилува со сенка, што е мошне пријатно за топлите августовски денови. Во текот на турата ќе се посетаи манастирот св. Спас (каде што ќе има подолга пауза и пункт со освежување). Во текот на патеката има пивка вода за пиење. Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости. Потребна опрема: разгазени планинарски обувки, стапчиња за планинарење, капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен UV фактор. ВАЖНО!!!!! 👇👇👇👇 1.Секој учесник да ги почитува мерките од пропишаните протоколи за движење низ шума. 2.Секој пријавен рекреативен учесник е должен да потпише Изјава за самостојна одговорност . 3.Секој учесник на вело турите треба да има технички исправен планински велосипед. 4.За секој учесник на вело турите задолжително е носење на заштитна кацига. 5.Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или другите учесници. 6.За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател. 7.Напред возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат. 8.Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека. Се гледаме на Мечкин камен....🙂 ПС.Бидејќи годинава одбележуваме 10 години јубилеј,организаторот го задржува правото за изменување и дополнување на програмата за што континуирано ќе ве известуваме🙂
Од 10:00
17 август 2024 до 18 август 2024

Поврзани настани

Голд Фелиција 18 Август 2024 · 21:00 часот
Претплатете се за да добивате информации, најнови настани и други интересни занимливости