Моментално discover.mk е во beta фаза и повеќе делови се уште во изработка. Доколку се појави некаков проблем, ве молиме испратете ни порака со опис за проблемот.

Македонскиот Fruit Fest

Од 16:00 до 15:00
11 Септември 2024 до 15 Септември 2024
По примерот на другите држави, каде што редовно секоја година се одржуваат вакви фестивали, ви го претставуваме првиот македонски фестивал на жива растителна храна - Македонскиот Fruit Fest. Овој септември во Радожда, Хотел Дишли е домаќин на првиот македонски фестивал на жива растителна храна, заедно со др. Даглас Грем, творецот на филозофијата 80/10/10, човекот кој веќе 40 години практикува исхрана со сурова растителна храна и работи со врвни спортисти. Македонскиот фестивал за жива растителна храна или Македонскиот Fruit Fest, го сервира најдоброто сурово, локално, органско овошје и зеленчук, припремано од најдобриот готвач, комбинирано со инспиративни разговори за придобивките од суровата храна, прелиено со забавни фитнес активности и сервирано со додатоци на социјалнa дружба. Што може да очекувате: ✨Вкусна храна ✨ Домашен зеленчук, автохтони сорти на овошје, бобинки наберени директно од планина, ден на органска храна, сè подготвено од искусен готвач од САД со повеќе од 30 години искуство во оваа област. ✨ Извонредни програми ✨ Ако сте почетници, или пак сакате да го продлабочите своето знаење за живата растителна храна, или посакувате да научите да подготвувате кулинарски специјалитети со жива храна, програмите се разновидни и прилагодени за секој. ✨ Часови за фитнес ✨ Разбудете се и додадете енергија во вашето тело преку фитнес, со разновиден избор на игри за движења на телото, водени од стручни инструктори, или пак опуштете се со благопријатна јога. ✨ Природно повлекување ✨ Препуштете се на спокојството покрај Охридското езеро, релаксирајте се во кристалните води, уживајте во топлите сончеви денови и чекорете на мирни прошетки во недопрена природа, додека го подмладувате умот, телото и душата. Повеќе информации можете да прочитате на веб страната: fruitfestival.mk или да ни пишете емаил на [email protected] ✨ Промената почнува од секој еден од нас. Направете таква промена, каква што сакате да видите во светот✨
Од 16:00 до 15:00
11 Септември 2024 до 15 Септември 2024

Поврзани настани

Голд Фелиција 18 Август 2024 · 21:00 часот
Претплатете се за да добивате информации, најнови настани и други интересни занимливости