Моментално discover.mk е во beta фаза и повеќе делови се уште во изработка. Доколку се појави некаков проблем, ве молиме испратете ни порака со опис за проблемот.

Ноќно искачување на Ѕвезден Врв - Беласица

20 Јули 2024 до 21 Јули 2024
Ноќно искачување на Ѕвезден Врв - Беласица 20-21 јули 2024 Организатор: ПК „Ентузијаст" Струмица. Семер Кајас, познат и како Ѕвезден Врв, е еден од највпечатливите врвови на Беласица, што пружа вистинско уживање и восхитувачки поглед кон околината. Повелете сите на една поразлична ноќна планинарска тура, каде магичните ѕвезди ќе не следат цела ноќ и ќе не остават без здив. ΠΡΟΓΡΑΜΑ Сабота - Тргнување од ресторан „Атлантис," с. Смолари во 10:00 ч. - Пристигнување на планинарски дом „Шарена чешма". - Сместување во домот или шатори (по желба) и одмор. - Забавни активности: Обука за алпинизам и прва помош на планина. - Поаѓање кон Ѕвезден Врв во 20:00ч. - Пристигнување на Ѕвезден Врв. - Враќање кон П.Д. „Шарена чешма". Недела - Одмор и релаксација на П.Д. „Шарена чешма." - Опција: прошетка до Ѓаволски Мост - 08.30 ч. - Враќање во с. Смолари во 15:00 ч. ОПИС НА ПАТЕКАТА - Се тргнува од с. Смолари од 382 мнв. - Се оди по одбележана планинарска патека, низ густа костенова и букова шума два и пол часа до П.Д „Шарена чешма" 1.276 мнв. - Од П.Д. „Шарена чешма" (1.276 мнв) се оди по колски пат и за 2 часа се пристигнува на Ѕвезден Врв (1.877мнв). Врвот нуди величествен поглед кон двете соседни земји Бугарија и Грција. - Враќање по истата патека. Патеката е средно тешка. Се совладува висинска разлика од 1.495 мнв и вкупна должина во двата правца од околу 20 км. ПОТРЕБНА ОПРЕМА - Планинарски обувки; - Челна ламба (задолжителна); - Топла облека; - Кабаница; - насмевка. 😊 НАПОМЕНА Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите. Во спротивно, самиот е одговорен за несаканите последици. Движењето се одвива во група. ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО И ИНФОРМАЦИИ Пријавување со име и презиме, најдоцна до 19 јули, поради движење во граничен појас. - Обезбеден е превоз на шатори и вреќи за спиење од с. Смолари до П.Д. „Шарена чешма". - Обезбеден е ручек на П.Д. „Шарена чешма" за сабота и недела. - Секој учесник добива dry fit маица со принт од настанот. 🙂 Томе - 075 301 532 Филип - 071 205 272
20 Јули 2024 до 21 Јули 2024

Поврзани настани

Голд Фелиција 18 Август 2024 · 21:00 часот
Претплатете се за да добивате информации, најнови настани и други интересни занимливости