Моментално discover.mk е во beta фаза и повеќе делови се уште во изработка. Доколку се појави некаков проблем, ве молиме испратете ни порака со опис за проблемот.

ПАРНИ ВАЉАК

30 Октомври 2024
Фреди Меркјури и нашиот Аки Рахимовски имаат многу заеднички особини, но една е посебно изразена. А, тоа е, дека и двајцата беа суверени владатели како на сцената, така и со публиката. Фреди Меркјури ја отпеа ,,The Show Must go On”, а сите ние знаеме дека секогаш истото го мислеше и до последен здив така и живееше и нашиот Аки. Парни Ваљак продолжи понатаму со нов пејач, гордо и квалитетно, онака како што и изгледа од своите први денови на почетокот на кариерата... и Авалон одлучи дека едноставно дојде време Парни Ваљак повторно да свири во Скопје. Големиот настан ќе се одржи на 30ти ноември во салата Јане Сандански, каде што во изминативе неколку месеци имавме навистина незаборавни концерти на Џибони и Бајага & Инструктори. За скопскиот концерт на Парни Ваљак своја изјава даде и лидерот на бендот, Хус, кој заедно со Парни Ваљак оваа година ќе ја добие најпрестижната можна награда за музика во Хрватска - ПОРИН за животно дело: ,,Наша голема желба, а уште поголема одговорност е во Скопје, во градот на Аки, да отсвириме концерт, кој нашата одлука да продолжиме понатаму ќе направи да биде оправдана. Се разбира дека, во приказната за Парни Ваљак, Аки е неизоставен дел и тој секогаш ќе биде во нашите срца.” Откако постои музичката индустрија на овие простори, Парни Ваљак е можеби единствениот музички бренд кој во сите сегменти работи на начин и на ниво на било кој врвен светски бенд, и големо задоволство ни е да му овозможиме на Скопје и Македонија повторно да бидат сведоци на тоа.
30 Октомври 2024

Поврзани настани

Голд Фелиција 18 Август 2024 · 21:00 часот
Претплатете се за да добивате информации, најнови настани и други интересни занимливости