Моментално discover.mk е во beta фаза и повеќе делови се уште во изработка. Доколку се појави некаков проблем, ве молиме испратете ни порака со опис за проблемот.

SCHILLER

Од 19:00
03 Јули 2024
Денес ја најавуваме третата ѕвезда која се најде на списокот на ѕвезди за The Stars Symphony, а тоа е германскиот синт-поп мајстор и пионер на електронската музика - Schiller. Познат по своите аудио-визуелни перформанси, Schiller го промени изгледот на електронската музика, и постојано ги поместува границите со своите звуци. Неговите албуми како „Leben“ и „Future“ се добро познати ширум светот, додека хитовите како „I feel you”, „Das Glockenspiel“ и „Sehnsucht“ остануваат вечни фаворити на обожавателите. За се да звучи уште подобро, нашите добропознати Наде Талевска и Агни Авшар ќе му се придружат на сцената и ќе направат неговите песни да звучат уште подобро. Не пропуштајте! Картите се веќе пуштени во продажба, во Тобако Димпо (Ленски Мост, Грозд, Нов Пазар) по цена од 600 денари, а следна недела ќе може да се купат и online. Каролина, Суперхикс, Schiller, Наде Талевска, Агни Авшар... и уште многу други ѕвезди кои ќе ги откриеме во текот на следната недела. 03.07.2024, 19:00, Градски стадион Битола – The Stars Symphony!
Од 19:00
03 Јули 2024

Поврзани настани

Голд Фелиција 18 Август 2024 · 21:00 часот
Претплатете се за да добивате информации, најнови настани и други интересни занимливости