Моментално discover.mk е во beta фаза и повеќе делови се уште во изработка. Доколку се појави некаков проблем, ве молиме испратете ни порака со опис за проблемот.

Скопје Синема Сити

🎸 Во рамките на 10. издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“, здружението Номад-Арт Скопје ќе организира групна изложба на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“, на 26 јуни, во Мала станица. 📷 Во 2024 година, Влатко Стефановски одбележува 50 години од својата кариера и на овој начин, Фестивалот му оддава почит на Стефановски, како на реномиран музичар. Во рамките на изложбата ќе бидат прикажани фотографии на неколку фотографи: Стефан Рајхл, Ангел Ситновски - Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски - Манде. Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски низ годините, за соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери. Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска. 🎥Фестивалот Скопје Синема Сити, во чијшто фокус се музички документарни филмови, оваа година ќе одбележи 10 години постоење. Филмските проекции ќе се одвиваат во Кинотека на С. Македонија од 1 до 4 јули.

Поврзани настани

Голд Фелиција 18 Август 2024 · 21:00 часот
Претплатете се за да добивате информации, најнови настани и други интересни занимливости