Моментално discover.mk е во beta фаза и повеќе делови се уште во изработка. Доколку се појави некаков проблем, ве молиме испратете ни порака со опис за проблемот.

WHEN IN KRUSEVO 2024

Од 16:00
05 Јули 2024 до 07 Јули 2024
Почитувани пријатели, Големата поддршка на изминатите изданија, успешната организација и високата оценка претставуваа мотив повеќе да ја продолжиме традицијата на одржување на вашиот омилен летен фестивал When in Krusevo 2024. Подгответе се за многу новости и крушевски авантури. Во рамките на „When in Krusevo“ ќе бидат организирани низа активности, според следната агенда: Петок 05.07.2024 ● 16:00-20:00 Пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево, поставување на шатори на Крушевското езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите. ● 18:00 Chillout zone на Крушевско езеро ● 21:30 Официјално отворање BAPCHU, Градски парк ● 23:00 – 02:00 Забава на отворено (Градски парк) o 23:00 BONO o 00:30 BABURA JUNIOR Сабота 06.07.2024 ● 07:45 Планинарска тура 8км (Старт: Манастир св. Преображение) ● 09:30 Велосипедска тура 20км (Старт: Спомен куќа Тодор Проески) ● 11:00 Крос-кантри велосипедска трка (Старт: Ресторан Алто, Станиќ) ● 12:00-18:00 Дневни активности: o 12:00 Забава на отворено, CYRILLIC (Ресторан Алто, Станиќ) o 13:00 Вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки, chillout zone (Ресторан Алто, Станиќ) o 13:00 Кајак, SUP (stand up paddle board), јавање на коњи, chillout zone (Крушевско езеро) ● 21:30 – 02:00 Забава на отворено, Градски парк o 21:30 TOTSILLY o 23:00 ДНК o 00:30 ESTEPHANO Недела 07.07.2024 ● 10:00-16:00 Тандем параглајдинг на Мечкин Камен (екстра поволни цени за сите учесници, летови изведени од најдобрите пилоти на Heli XC) ● 11:00 Chillout zone (Kрушевско езеро) ● 11:00 – 14:00 Дневни настани o 11:00 Инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливите лица и детски игри (Градски парк) o 12:00 Саем на храна и пијалоци (Градски парк) o 12:00 Забава на отворено TOTSILLY, вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки (Ресторан Алто, Станиќ) ● 10:00-15:00 Посета на музеи и запознавање на историјата и традицијата (обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на фестивалот) ● 18:00 Затворање на фестивалот КАРТИ: https://mktickets.mk/.../outdoor-festival-when-in.../ *Организаторот го задржува правото да изврши евентуални корекции и измени на програмата на фестивалот. Со почит, Тимот на WHEN IN KRUSEVO! ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ “When in Krusevo” Член 1 Секој учесник пред стартот потпишува поединечна изјава во која изјавува дека возењето на МТБ турата, планинарската тура, тандем параглајдинг, крос кантри велосипедска трка, кајак и сите останати активности предвидени во програмата на „When in Krusevo 2024“ се на сопствена одговорност, дека ќе ги почитува дадените опасности обележани од страна на организаторот и дека ќе ги почитува мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19, пропишани од Комисијата за заразни болести. Целокупната одговорност е на страна на учесникот. Изјавата е валиден документ со кој организаторот може да ја потврди пред надлежни органи. Член 2 Секој учесник треба да има со себе комплетна велосипедска опрема (кацига, заштитни ракавици, соодветна облека за возење и сл.). Возењето без кацига е на одговорност на учесникот. Исто така потребна е соодветна психофизичка подготвеност за планинарските тури, исхраната е од ранец, вода најмалку 1.5л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза. Согласно важечките закони забрането е палење на оган на отворен просто и фрлање на отпушоци. Доколку било кој се однесува спротивно на важечките закони и намерно или од крајно невнимание предизвика пожар со што ќе причини штета на физички или правни лица, должен е покрај глобата што ќе ја плати во прекршочната постапка, да ја надомести и предизвиканата штета. Член 3 Организаторот не презема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на личните предмети на учесниците, затоа ги советува сите учесници да ги носат вредните предмети со себе. Член 4 Учесниците прифаќаат да бидат дел од снимениот материјал (фотографии, видеа и сл.) со кои подоцна организаторот ќе може да ги употреби за сопствени цели (снимање на документарци, видео клипови за настанот и сл.) Член 5 Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради безбедносни причини. Член 6 Со оваа изјава давам изречна согласност здружението Аутдор Манифест да ги користи, односно врши обработка на моите лични податоци, како и да ги чува во збирката на лични податоци, за потребите на здружението се додека има потреба од истите, по што истите ќе бидат избришани/уништени, согласно Законот за заштита на личните податоци. Го задржувам правото во секое време повлекувањето на согласноста да го дадам писмено или во било која друга форма. Оваа изјава ја давам доброволно, под целосна, морална, материјална и кривична одговорност.
Од 16:00
05 Јули 2024 до 07 Јули 2024

Поврзани настани

Голд Фелиција 18 Август 2024 · 21:00 часот
Претплатете се за да добивате информации, најнови настани и други интересни занимливости